Дали на повидок е нов корупциски скандал за евентуален, предизборен поткуп на гласачи од страна на СДСМ во Прилеп?! Синоќа, нешто после 22 часот, иако викенд и после работно време, службеното возило на ЈУ Дом за стари лица “Киро Крстески – Платник“, забележано е и фотографирано пред еден од месните штабови на оваа политичка партија, објавува ТВ АЛФА.

Во прилогот на телевизјата, понатаму се вели:

„На фотографиите, кои на социјалните мрежи за кратко време станаа вирални, се гледа како, наводно, локални активисти на СДСМ, складираат вреќи во еден од своите месни штабови, лоциран во централната населба „Ѓогдере“.

Според информациите до кои дојде Алфа, настанот бил регистриран по претходна дојава. Со цел да дознаеме за што точно станува збор, телефонски го контактиравме и претседателот на ОО на СДСМ, кој е и актуелен претседател на општинскиот Совет, а и кандидат за пратеник, Миле Талевски. Тој во телефонскиот разговор, по малку нервозно, категорично ги демантираше овие информации, правдајќи се дека не видел никакви фотографии, туку само некое видео кое, спореднего, не претставувало никаков доказ.Талевски побара да не се наседнувало на вакви шпекулации и дополнително да не се електризирала состојбата, особено од страна на новинарите, како би се овозможиле услови за фер и коректна предизборна кампања, ни изјави Талевски, истакнува АЛФА.

Од друга страна пак, од МВР не’ информираа дека запознати се со случајот и дека по објавата на фотографиите и видеото на социјалните мрежи, во координација со ОЈО, се преземаат мерки за целосно негово расчистување.

Испровоцирани од овој случај, кој според нашите информации не бил единствен, и локалните опозиционери, за попладнево најавија прес-конференција, вели телевизијата.