Александар Јаневски Тошта е однесен на контола во Штипската болница, но дежурната интернистка заборавила или игнорирала да напише дека тој имал интервенција во Охридската болница, во јануари годинава. Сопругата на осуденикот од 27 април обвинува дека лекарката прво го примила еден од чуварите кој и кажувал што да напише во извештајот, па потоа го извршила прегледот, се вели во прилогот на ТВ АЛФА.
Според сведочењето, интернистката го игнорирала отпусното писмо од Охрид и во извештајот навела дека последен стент на Јаневски му е правен ланската година во јули.
Дежурната интернистка во Штип во телефонски разговор за Алфа децидно ги отфрли обвинувањата, а во однос на документацијата вели дека не може да зборува на памет. Таа негира дека останала на само со чуварите и прегледот го извршила во амбулантата каде биле присутни двајцата чувари заедно со пациентот.
Во однос на тоа зошто во извештајот не е наведена интервенцијата од јануари годинава во Охрид, туку само таа од ланската година, таа вели дека системот во моментот бил паднат и можеби не ни можела се да види.
Имено, Јаневски Тошта со месеци е во затвроката амбуланта, а не во полуотворено одделение бидејќи е казнет зошто викендот после 17 јануари не се вратил во затворот, туку според затворските власти се дал во бегство.
Јаневски Тошта е хоспитализиран на 17 јануари во Охридската болница, а отпусното писмо му е на 24 јануари во кое стои дека имал интервенција на срцето.
Тој се жали дека поради влошеното здравје треба да има почести прошетки, но чуварите и командирите не го пуштаат.
Иззживувањето и тортурите врз Јаневски Тошта траат веќе со месеци. Тим од кај Народниот правобранител влезе во затворот да се запознае со случајот.
Во меѓувреме од Управата за извршување на санкции се уште нема одлука за казнувањето на Тошта со самица. Тој се жалеше зошто е даден на сисциплинска и е казнет кога не избегал туку имал интеревенција во Охрид.