Поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата, јави телевизијата Ал Арабија.

Според дипломатски извори, поранешниот министер за внатрешни работи е „избран за премиер на преодната влада“ и презел функција на шеф на преоданата админстрација“.

Шефот на авганистанскиот Висок совет за национално помирување, Абдула Абдула дејствува како посредник во преговорите меѓу претставници на талибанците и на властите во Кабул. Според западни медиуми авганистанскиот претсеадтел Ашраф Гани се очекува да биде евакуиран од Авганистан.