Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека има загинати и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците откако ерменските сили отвориле оган по линијата на раздвојување.
– Утрово ерменските сили започнаа да пукаат врз позициите на азербејџанската армија и населбите во различни насоки долж линијата на раздвојување. Огнот бил отворен од разни оружја, вклучително и од голем калибар. Тоа е уште една воена провокација на Ерменија“, нагласи Алиев.
Тој посочи дека Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија.
– Во моментов, нападите врз непријателските позиции се во тек, уништена е воена опрема, рече Алиев.
Ерменија соопшти дека нејзините сили собориле два хеликоптера на Азербејџан и три беспилотни летала. МО на Азербејџан претходно соопшти дека ерменските сили пукале долж линијата на раздвојување и дека има жртви меѓу цивили.