Коалиционата алијанса за Албанците и Aлтернативите смета дека не е вистинско време за вонредни локални избори, поради ситуацијата создадена од пандемијата.
-Мислам дека е многу неразумно во оваа економска криза и во оваа состојба на пандемија да се организираат вонредни локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници за мандат од 10 месеци. Нека анализираат како може да им се продолжи мандатот на овие двајца градоначалници во Пласница и Штип може да биде продолжен за уште 10 месеци, да не ги трошиме парите, па наместо на избори, да ги потрошиме на лекови или да направиме што повеќе тестови – вели Арбен Таравари, АА-Алтернатива.