АЛИЈАНСА: Во Северна Македонија Албанците се третина, знамето не повредува никого

/ 29.04.2019

Алијансата за Албанците реагира и вели дека е загрижена во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи-Охрид, бидејќи според нивни информации, двајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата поради поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

„Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата играорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите. Истакнувањето на албанското национално знаме на Самоиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ. За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес“, велат од Алијансата.

Алијансата за Албанците смета дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба.


Од истата категорија