Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина со 2-0. Имавме многу шанси, но не ги искористивме, а противникот тоа на крајот го искористи е и ставот на фудбалскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
„Покажавме дека можеме да играме добар фудбал против било која репрезентација. Несреќно загубивме. Имавме многу шанси, но за жал не ги искористивме, за разлика од противникот. Тешко е, разочарани сме, но фудбалот е тоа. Дадовме се од себе да ги израдуваме навивачите, но овој пат не успеавме“, изјави Езгјан Алиоски.