Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во „10 минути“ на ТВ21 рече дека техничкиот премиер Талат Џафери само го чита дневниот ред, а која точка ќе помине, одлучува министерот Артан Груби.

Лично го познавам и господинот Талат Џафери. За жал, со средбата во Владата го руши профилот на техничкиот премиер и профилот на Џафери со преземањето на управувањето со процесите. Така, вчера техничкиот премиер само ги прочита точките и за сите Артан Груби одлучи дали ќе бидат на дневен ред, ќе гласаат „за“ или ќе гласаат „против“?“, рече Алиу.

За потсетување, Алијанса за Албанците го предложи министерот Алиу да биде разрешен од функцијата.