Министерот за здравство, Азир Алиу денес ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почна бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.
– Со ова го означуваме почетокот на заедничка национална кампања, што ја реализираме заедно со клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, и со Хепар Центар-Битола. Работиме интензивно и на дигитализација на програмите за скрининг на малигни заболувања, бидејќи е важна временската рамка и постскринингот, односно следење на пациентот и навременото добивање резултат, ќе вложиме напори за да може технички и инфраструктурно да се подобри Мој Термин во однос на времето за резултат. Наскоро ќе ја соопштиме и новата методологија, која е при крај и новиот начин на креирање термини за преглед на пациенти, изјави министерот Алиу.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.