Високиот член на Алијанса за Албанците и поранешен министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, преку објава денеска обелодени дека ќе остане дел од коалицијата ВРЕДИ и покрај напуштањето на Владата на лидерот на едното крило на АА, Арбен Таравари.

-Верувам дека решителноста за промени во општеството не се напушта при првата пречка – туку се гради со уште повеќе работа! Со големо почитување кон лидерот на партијата и неговото право на политичка проценка, се чувствувам должен јавно да кажам дека ќе продолжам да бидам дел од процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ и во оваа Влада!