Нерешено 33:33 заврши вечерашното дерби во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер.
Дуелот од 3. коло на македонското ракометно првенство донесе драматична завршница. Алкалоид на две минути пред крајот имаше предност од два гола и двајца ракометари повеќе, но и тоа не беше доволно за конечна победа.
Битолчани до бод дојдоа со голот на Хосни во последната секунда.
За Алкалоид ова е втор нерешен резултат, и двете реми се на домашен терен, додека пелистерци по двете стартни победи го бележат првото реми.
На табелата води Вардар со максимални шест бода, а Еурофарм Пелистер има пет, следуваат Бутел, Алкалоид и Пролет со по четири бода.