Ракометарите на Алкалоид со два гола предност 16-14 заминаа на полувреме на гостувањето во Атина против АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Грчкиот тим го отвори натпреварот со водство од 2-0, но Алкалоид брзо ги консолидираше редовите и со серија од 3-0 го презеде водството кое го одржуваше до 20 минута.

АЕК врати со серија за ново водство од два гола (14-12) во 25 минута, но финишот им припадна на ракометарите на Алкалоид кои не му дозволија на противникот да постигне гол во завршните пет минути, а на спротивната страна реализираа четири напади за предност од два гола пред стартот на второто полувреме.

Младеновиќ и Бинго беа најефикасни во првиот дел во редовите на Алкалоид со по три голови, додека Кизиќ на голот запиша шест одбрани.

ФОТО: МИА