Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас е победник на овогодинешното издание на Ролан Гарос и тоа откако во финалето успеа по голема драма да слави над Александер Зверев.
Се играат пет пета во Париз, надмудрувањето траеше скоро четири ипол часа, а конечниот резултат на крајот беше 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2.
Ова за Карлос е прво славје на Франција, вкупно трет грен слем во кариерата со што испиша историја, односно со 21 година стана најмладиот тенисер кој успеал да слави на оваа сцена на три различни подлоги со оглед на тоа што претходно беше најдобар и на Ју-Ес Опен во 2022 и на Вимблдон во 2023 година.