Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го освои Ролан Гарос. Во финалето на Отвореното првенство на Франција, Шпанецот го победи Јаник Синер со 3:2 по одличен пресврт.
Според сетови, резултатот беше 4:6, 6:7(4), 6:4, 7:6(3), 7:6(10:2).
Ова беше вториот најдолг натпревар во историјата на финалињата на Гренд слем турнирите, а со 5 часа и 29 минути, беше најдолгиот на Ролан Гарос. Најдолгиот натпревар го одиграа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во Мелбурн во 2012 година, кога натпреварот траеше 5 часа и 53 минути.

Ова е петтиот Гренд слем трофеј за Алкараз, а втор на Ролан Гарос. Тој освои еден Отворен турнир на САД и два на Вимблдон.
По враќањето на теренот по паузата поради допинг, Синер едноставно се прошета до финалето во Париз, додека Алкараз се мачеше повеќе.