Продукциската компанија Алкон ентертејнмент ги обезбеди филмските права за романот „Постскриптум“ (Postscript) на писателката Сесилија Ахерн, што е продолжение на бестселерот „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You) од 2004 година.
И првата книга на ирската писателка, исто така, беше филмувана, во 2014 година, со Хилари Свонк, Џерард Батлер, Лиза Кудроу Кети Бејтс…
„Постскриптум“ беше пуштена во продажба прво во Велика Британија, лани во септември, а вчера е објавена и во САД.