Снаата е среќна затоа што на својот свекор му го спасила животот!

Нусрет Мумиќ од Живинице, БиХ, ја заработил својата пензија во рудникот за кафеав јаглен „Ѓурѓевик“. Кога требал да се одмори и среќно да ги поминува пензионерските денови, овој 65-годишник се разболел. Пред пет години, му била дијагностицирана цироза на црниот дроб.

Отпрвин, тој не ни наслутувал колку е тоа опасно и дека единствениот спас за него ќе биде трансплантација на црниот дроб.

Снаата Алмира донирала дел од црниот дроб на нејзиниот свекор

Нусрет има три сина, но ниту еден од нив не можел да биде донатор на црн дроб, како што покажале анализите. Сепак, се појавила шанса за Нусрет. Неговата снаа Алмира Мумиќ, сопруга на најстариот син Нусмир, одлучила да донира дел од црниот дроб на својот свекор, со што му го спасила животот.

Операцијата била успешна и Нусрет се чувствува добро. По хируршкиот зафат, добро се чувствува и Алмира, која веќе се вратила дома.

По операцијата, среќна е што направила добро дело

Алмира е среќна по операцијата што направила хумано дело.

„Ви благодарам на сите за вашата поддршка и желби за брзо закрепнување. Добро сум, фала богу. Свекор е одличен, но тој ќе биде со нас дома малку подоцна, затоа што пациентите со трансплантација седат малку подолго во болница“, вели Алмира.