Единаесет незадоволни членови на чаирскиот огранок на партијата Алтернатива, бараат во рок од 10 дена да се иницира разрешување на министерот за здравство од редовите на оваа партија. Велат дека Беким Сали, не ги реализирал своите цели и не ги исполнил партиските цели, односно ги прекршил сите точки што ја дефинираат Алтернативата.

Меритон Цивули, кој беше разрешен од функцијата шеф на Кабинетот на министерот Сали, вели дека иницијативата за смена на Сали не е поради лични причини.

Меритон Цивули, член на раководството на Алтернатива -Апелираме до претседателот на партијата, согласно овластувањата што ги има и обврските со кои е задолжен со Статутот на партијата, во рок од 10 дена да покрене иницијатива за разрешување на министерот. Во спротивно одговорноста за понатамошните чекори, штетите и последиците во партијата ќе падне исклучиво на него.“
Но, во соопштението од огранокот на „Алтернатива“ во Чаир, потпишано од неговиот претседател Фатон Фазлиу, се нагласува дека ограноците немаат поплаки или незадоволство кај ниту еден партиски функционер. Фазлиу нагласува дека ваквата реакција можеби е резултат на лично незадоволство.

„Ниту во Претседателството на Огранокот, ниту во Собранието на Огранокот, што се одржа претходно, немаше забелешки и оваа денешната реакција нема никаква врска со Огранокот од Чаир, но може да биде резултат на лични незадоволства”, велат од Огранок Чаир

Од друга страна, министерот за здравство Беким Сали, накратко кажа дека нема што да коментира за тројца членови, амбициозни за тендери.

11-те незадоволни членови на огранокот од Чаир, се жалат дека Сали не именувал двајца директори на универзитетските клиники од партијата на Алтернатива, а според нив и директорот на Фондот за здраство требало да биде од Алетрантива. Сали исто така , според оваа група не направил доволно за унапредување на албанскиот кадар – не била назаначена ниту една медицинска сестра Албанка за главна, ниту бил именуван шеф на ододлел, а немало ниту конкретни проекти за капитални инвестиции во албанските населби и иницијатива за реформирање на министерството.