Медицински персонал од Клиниката за онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак. Вработена во клиниката која сакаше да остане анонимна вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат, објавува АЛСАТ.
Според вработената на онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.
Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии.