Во врска со стекнувањето 39 отсто од акциите на трговскиот центар „Соравија“ од страна на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, реагираше опозициската партија Алтернатива – јави ТВ 21.

ТВ 21 ја пренесува реакцијата на Алтернатива: Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи трговскиот центар „Соравија“, уште еден внук на Али Ахмети е именуван како прв секретар на Амбасадата на * Македонија во Брисел. Откако се покажа дека Дрин Ахмети има „посебни деловни вештини“, другиот внук Бесијан Ахмети се покажа дека има „посебни дипломатски вештини“ и тоа беше причината, поради која беше назначен за дипломатија и покрај тоа што неговиот стаж е помалку од една година, додека дипломатското искуство му е НУЛА.

Во овие случаи е поважно од сè презимето Ахмети и семејната врска со Али Ахмети.

Наместо Бујар Османи да унапреди и да испрати во дипломатијата десеттици Албанци со искуство, кои со години остануваат игнорирани низ ходниците на Министерството за надворешни работи, тој праќа многу млад и неискусен човек во седиштето на главниот центар на дипломатијата. Ова е штетно за дипломатијата на нашата држава, остава лоша слика за * Македонија, но е и влијае разочарувачки за секој млад Албанец, кому Али Ахмети не му е чичко, за секој млад Албанец, кој го нема презимето Ахмети.

Колку внуци „удобно згрижил“ Али Ахмети? Ќе им дојде ли некогаш редот и на други млади Албанци?

Алтернатива бара истрага за именувањето на Бесијан Ахмети во Амбасадата во Брисел, но и објаснување и одговорност од Бујар Османи за ова именување.