„Го прашуваме министерот за правда Кренар Лога од Алијанса за Албанците, дали е министер или опозиционер? По неговата изјава дека не се согласува со измените на Кривичниот закон, фрлајќи ја топката кај заменик министерката, ние му порачуваме ако навистина не се согласува со промените во Кривичниот законик и ако заменик министерката го злоупотребила неговото отсуство од седница на Владата за да се прошверцуваат измени на Кривичниот закон, предложени од министерството кое тој го раководи, тогаш нека даде оставка. Тој не може да седи на две столици, да биде и власт и опозиција“, изјави Орхан Муртезани, секретар за односи со јавноста во Алтернатива.

„Ако навистина заменик министерката за правда, беза да знае Кренар Лога, ги предложила измените во Кривичниот законик пред Владата, тогаш се поставува прашањето што прави Алијанса во  Владата? Зошто Лога и Алјанса продолжуваат да седат во Владата како декор кога никој не ги  есапи? Дали го трпат ова понижување само заради дебелите тендери во институциите со кои раководат, или пак сакат да додадат уште некоја куќа во Тафталиџе?“, рече Муртезани.

Тој понатаму го постави прашањето, дали доколку функционерите од Алијанса, ништо не виделе ниту слушнале, тогаш дали, како што нагласи, корупцијата им ги има затворено очите, па челаат да бидат избркани од Владата за што ќе донзаат од медиумите.

„Но, да бидеме сериозни Кренар Лога со изговори кои повеќе личат на измами, бара политичка амнестија само откако ЕУ остро реагираше за амандманите на Кривичниот закон. Ако толку многу ја сака правдата, зошто не го поддржи амандманот на Алтернатива за незастарувањето на политичката корупција? Албанците нема да наседнат на такви измами. Оваа неправда која се инсталира ќе се казни остро на избори“, рече Муртезани.