Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски соопшти дека во неговиот тим има многу повредени ракометари и поради тоа утрешниот дуел со Нексе не е во многу добар период.
-Тоа ќе биде меч што доаѓа во незгоден момент. Во ЕХФ репрезентативната недела имавме само седум играчи и два голмани, и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи: Стојанче Стоилов, Ловро Јотиќ, Патрик Валчак. Ќе бидеме со редуциран состав. Начинот на игра на Нексе не е сменет, променето е само начин на транзиција, мали детали во прашање. Анализиравме и знаеме што е добро.
Поразлично е дека помалку играат 7 на 6 со новиот тренер. Ние сме подготвени на сè што не чека. Ќе одиме со 13 играчи и 3 голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници, истакна Алушовски.
Средбата Нексе – Вардар од 5. коло во регионалната ракометна СЕХА-лига ќе се одигра утре во Нашице, Хрватска. Почетокот е закажан за 17 часот.