Дефанзивецот Дани Алвес објави на својот Инстаграм дека го напушта ПСЖ. 36-годишниот бразилски фудбалер има договор со парижаните до 30 јуни.
Алвес се пресели во ПСЖ летото 2017 од Јувентус. Минатата сезона одигра 32 натпревара за францускиот тим, постигна три гола и забележа осум асистенции.
– Заокружувам уште еден циклус во мојот живот. Би сакал да му се заблагодарам на ПСЖ за можноста да учествувам во пишување нова страница во историјата на клубот. Благодарение на сите соиграчи имавме моменти на заедничка радост, но и во тагата бевме заедно, напиша Дани Алвес.
Бразилецот два пати стана шампион на Франција, по еднаш го освои Купот на Франција и Лига купот.