Шефот на алжирската дипломатија Рамтане Ламамра и порача на Франција да ја „деколонизира“ својата историја по последниот вербален напад меѓу Париз и нејзината поранешна африканска колонија, пренесоа француските медиуми.

За време на патувањето во Мали, чија владејачка хунта беше остро критикувана од Франција, Ламамра кажа дека францускиот претседател Емануел Макрон страда од „заборавање на историјата“, објави малиската телевизија доцна синоќа.

-Нашите странски партнери треба да ја деколонизираат сопствената историја, рече Ламамра и додаде дека тие „треба да се ослободат од одредени ставови, одредени однесувања, одредени погледи кои се неразделно поврзани со неконзистентната логика, која е водена од претенциозната  мисија на Западот да донесе цивилизација“.

Оваа мисија, тврди тој, „беше идеолошката покривка што се користеше во обидите да се добие признание за злосторството против човештвото, што беше (француската) колонизација на Алжир, колонизацијата на Мали и колонизација на толку многу африкански народи“.

Со изјавата Ламамра ги нападна коментарите на Макрон од минатата недела, во кои тој кажа дека алжирскиот „воено-политички систем“ по прогласувањрто на независноста , целосно ја пренапишал историјата на земјата.

„Ле Монд“ пренсе дека Макрон на потомците на алжирските војни за независност им кажал дека верзијата на историјата пти им се предава на Алжирците „не се темели на вистини“, туку на „дискурс на омраза кон Франција“.

Викендот, Алжир го отповика својот амбасадор од Париз и им забрани на француските воени авиони да влезат во неговиот воздушен простор, што Франција редовно го користи за да стигне до своите сили кои се борат против џихадистите во јужниот регион Сахел.

Макрон вчера кажа дека се надева дека ќе ги „смири“ тензиите со Алжир и дека неговиот однос со претседателот Абделмаџид Тебун е „навистина срдечен“.