Алжир ги прекина дипломатските односи со Мароко поради „непријателските акции“ на соседната земја, со која со децении е во тензични односи.
Шефот на алжирската дипломатија Рамтан Ламамра вчера го обвини Мароко дека го користи шпионскиот софтвер Пегаз, поддржува сепаратистичка група и не ги исполнува билатералните обврски, како што е прашањето за Западна Сахара.
– Кралството Мароко никогаш не прекина со непријателските акции против Алжир, посочи Ламамра.
Тој додаде дека и покрај тоа конзулатите во двете земји ќе останат отворени.
Министерството за надворешни работи на Мароко не ја коментираше изјавата на Ламамра.