Илјадници граѓани денеска протестираа во главниот град на Алжир барајќи од претседателот Абделазиз Бутефлика да ја повлече кандидатурата за петти мандат.
Мажи и жени демонстрираа на плоштадот пред главната пошта, додека младите луѓе организираа мирен марш.
Претседателските избори во Алжир закажани се на 18 април.
Протестите почнаа во февруари, кога Алжирците побараа 82-годишниот Бутефлика да поднесе оставка од функцијата.
Бутефлика, кој е претседател на Алжир од 1999 година, во 2013 година имаше мозочен удар и оттогаш само неколку пати се појавил во јавност, а говор нема одржано со години.
Неговите политички ривали тврдат дека нема докази оти Бутефлика е здравствено способен да ја води државата и дека тоа во негово име го прават неговите советници.