Повеќе од илјада алжирски судии изјавија дека ќе одбијат да ги надгледуваат изборите следниот месец, доколку на нив учествува претседателот Абделазиз Бутефлика. Во изјавата, судиите додадоа дека формираат ново здружение.
Тоа е еден од најголемите удари на болниот владетел од почетокот на протестите пред повеќе од две недели.
Бутефлика се врати во Алжир на 10 март, по медицинскиот третман во Швајцарија.
Десетици илјади од сите општествени класи демонстрираат неуморно три недели против неговата одлука да се кандидира на изборите во април, одбивајќи го застарениот политички систем во кој доминираат ветерани од војната за независност против Франција која заврши во 1962 година.
Демонстрантите ја отфрлија понудата за ограничување на неговиот мандат ако победи на изборите.
Сепак, во најјасните индикации дека генералите сочувствуваат со демонстрантите е началникот на Генералштабот Год Салах, кој рече дека војската и народот имале обединета визија за иднината, објави државната телевизија.