Алжирската полиција уапси 27 лица осомничени за припадност на сепаратистичка група која Алжир ја смета за терористичка организација.
Апсењата се извршени во изминатите 48 часа.
-Приведените се поврзуваат со поткопување на националното единство, нарушување на јавниот ред и мир и поттикнување собири. Исто така, постои сомневање дека тие припаѓаат на Движењето за автономија на Кабилија, на северот на Алжир, наведува полицијата.
Како што е соопштено, 25 лица се уапсени во градот Керата, каде минатата недела имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата по забраната за протести поради апсење на противниците на локалните власти.
Уште две лица беа уапсени во област одалечена околу 60 километри.