Алжирскиот џудист Фетхи Нурин го откажа настапот на Олимписките игри во Токио, откако жрепката навести можност да има борба на турнирот против израелскиот претставник Тохар Бутбул.
Нурин за противник во 1. коло во категоријата до 73 килограми го доби Суданецот Мохамед Абдалрасул, а победникот во четвртфиналето го чека борба против Израелецот Бутбул, кој е слободен во 1. коло.
– Вложивме многу труд за да дојдеме на Игрите, а потоа не шокираше оваа вест. Во секој случај, мојата одлука е конечна, бидејќи не сакам да си ги извалкам рацете, изјави Нурин, додавајќи оти неговата политичка поддршка на Палестинците не му дозволува да се бори против израелскиот олимпиец во џудо.
Нурин од истата причина го откажа настапот и на Светското првенство во Токио, во 2019 година.