Американската компанија Амазон соопшти дека врабоптила 100.000 луѓе на одредено време поради пораст на нарачките преку интернет пред ноемвриските празници во САД.
Амазон до крајот на јуни 2020 година имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот. Конкрајот на јули, компанијата со седиште во Сиетл соопшти дела од март отворила уште 175.000 нови работни места од кои 125.000 ќе бидатна неодредено време.
Компанијата кон средината на септември отвори уште 100.000 работни места во САД и во Канада. Поголемиот број од нив се во магацините, за подготовка на пакети и нивно испраќање.
Амазон неодамна соопшти дека е забележан раст на бројот на нарачки од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
Компанијата пред минатогодишните празници вработи 200.000 сезонски работници.