На 26 март, тим на ЕМАК (Специјална единица за одговор при катастрофи) на Грчката противпожарна служба започна петдневна програма за интензивна обука на раководните лица на Дирекцијата за заштита и спасување и на Министерството за внатрешни работи на С. Македонија во спасувачки операции од поплави и брзи води во Клисурата Матка, соопшти Амбасадата на Република Грција во Република Македонија.
Во продолжение целото соопштение од грчката Амбасада:
Почетокот на обуката денеска од Клисурата Матка го поздравија г-дин Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на преодната Влада на С. Македонија, амбасадорката на Грција во Скопје, г-ѓа Софиа Филипиду, г-дин Беким Максути, шеф на Дирекцијата за заштита и спасување и г-ѓа Стелијана Нентера, директорка на регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул, во присуство на г-дин Армен Григорјан, шеф на делегацијата на УНДП во С. Македонија.
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамките на Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион, во соработка со Амбасадата на Грција во Скопје и со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија во С. Македонија, ја поддржува соработката помеѓу двете земји за промовирање на политики за одговор при катастрофи.
Амбасада на Грција