Амбасадата на Русија денеска на официјалниот фејсбук профил упати честитка по повод националниот празник  2 Август – Илинден.

-Срдечно Ви го честитаме празникот со големо историско значење за македонскиот народ – Илинден! Денеска заедно со вас со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден! За многу години!, стои во честитката на фб статусот на Амбасадата.

Делегација на Амбасадата предводена од амбасадорот Сергеј Баздникин денеска учествуваше на свечениот настан по повод Националниот празник Илинден пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

 

Делегацијата од Амбасадата учествуваше и на одбележувањето на Големиот празник – Илинден – во Скопје со положување цвеќе пред споменици на Методија Андонов Ченто, на АСНОМ и на Никола Карев.