Уставот и законите на Косово се Библија и Куранот на косовското општество, пред кои, сите би требало да сме немоќни, напиша денеска на својот Фејсбук профил, косовскиот амбасадор во земјава Ѓерѓ Дедај, кој со одлука на косовската претседателка Вјоса Османи е разрешен од позицијата.
-Тие не се прекршуваат и ниту се персонализираат, никогаш и од никого, треба да останеме непоколебливи во нивното доследно почитување, додаде Дедај, кој одбива да го почитува указот на Османи, а во вчерашна објава на неговиот Фејсбик профил, напиша дека неговата мисијата продолжува.
Во денешната објава тој ги наведува пропишаните законски основи, по кои може да се случи предвемено повлекување од дипломатска мисија:
-Претседателот на Република Косово наредува повлекување на амбасадор или шеф на мисија од дипломатската мисија пред истекот на одредениот рон, од следниве причини: за работни потреби во Министерството за надворешни работи; на барање на самиот дипломатски претставник; од причини за негативно оценување на работата на дипломатскиот претставник; за прекршување на одредбите на овој закон или други законски и подзаконски акти што се во сила; кога тоа го бара државата примател, објави Дедај.
Вјоса Османи, како што објави претходно дописникот на МИА од Приштина, на предлог на Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, донесе одлука за разрешување на Дедај и на уште 11 други амбасадори поради тоа што биле политички именувани од претходните власти. Освен Дедај разрешени се и косовските амбасадори во Германија, Албанија, Чешка, Холандија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Функцијата в.д. амбасадор на Косово во Скопје, треба да ја извршува сопругот на Османи, Приндон Садриу, кој досега беше советник во Амбасадата