Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради нејзината голема зависност од руските енергетски извори и дека тоа е сложена слика за која може само да се каже „приклучи се на санкциите“.
– Да беше само до нас, а не до Србија, ние би рекле дека мора да се приклучите на санкциите, но разбираме дека има конкретни околности за Србија, рече Хил на ТВ Хепи, одговарајќи на прашањето како санкциите на ЕУ против Русија може да се одрази и на Србија доколку таа не донесе одлуки побрзо.
Хил изрази очекување дека „ќе ја има Србија покрај себе“ и истакна дека сè започнува со енергетската независност и дека Србија треба да има различни избори.
– Сигурен сум дека во иднина ќе биде во ред Србија да има избор да зема гас од Русија, тоа сега не е во ред и затоа треба да и се помогне на Србија во тој избор, рече Хил.
На прашањето за решавање на косовскиот проблем, Хил рече дека без разлика дали е во овој или следниот век, „Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го земале Косово за себе“ и затоа, како што рече, се надева дека во меѓувреме ќе се постигне нормализација за да се продолжи со работите кои се важни за просечните луѓе.
На прашањето дали случајот со Косово може да се спореди со случајот со украинските територии кои беа припоени кон Русија, Хил рече дека нема многу сличности, бидејќи Украина е во друга позиција.
– Соседот на Украина, Русија, ја напаѓа Украина и нејзините цивили, а во меѓувреме ги анектира нејзините територии. Вакви работи не сме виделе од почетокот на 20 век, истакна Хил и оцени дека ова е поинаква ситуација од онаа што се случи во врска со Косово пред 23 години.
Извор: Блиц