Амбасадорот на Австрија во Европската унија, Томас Оберрајтер, поднесе оставка од функцијата поради обвинувања дека со години анонимно објавувал содржини на „сексуално експлицитен“ блог .
„Амбасадорот побара да биде разрешен од должноста од приватни причини. Министерката Беате Мајнл-Рајзингер го прифати тоа барање“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Австрија.
Се додава дека Мајнл-Рајзингер дознала за обвинувањата против Оберрајтер во саботата и дека проблемот бил „сеопфатно разгледан“.