Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија, од 12 февруари се неважечки.
Со тоа, наместо да ги штити, тој постапил спротивно на интересите и правата на граѓаните реагира пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со тоа вели на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, им е загрозено нивното право на слободно движење, а загрозено им е и правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.
Според него се работи за сериозен скандал затоа што ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.