Повеќе умрени отколку новородени белци има во половина од американските држави, па така во блиска иднина белците веќе нема да бидат мнозинство во САД, објавува Њујорк тајмс.
Според податоците на Бирото за попис, белците може да паднат под 50 проценти од популацијата околу 2045 година, релативно бавна промена која се случува со години. Но, новиот извештај објавен минатата недела покажува дека повеќе белци умираат отколку што се раѓаат во 26 држави (пред две години тоа било случај во 17 држави), па промената во демографската структура може да се случи порано.
„Се случува побрзо отколку што верувавме“, вели Ратцел Шидз, демограф на Универзитетот во Тексас и еден од уредниците на извештајот кој го истражува периодот од 1999 до 2016 година. Тој истакна дека бил толку изненаден од податоците што во прво време мислел дека станува збор за грешка.
Овој тренд почнал пред две децении во некои држави со стара бела популација, како во Пенсилванија и Западна Вирџинија. Меѓутоа, стапката на прираст драстично паднала од Големата депресија, додека мораталитетот кај белите не-хиспански жени пораснал, пред се заради поголемата смртност. Тоа придонело за побрзи демографски промени па така денес има повеќе умрени од новородени во Северна Каролина и во Охајо.
Оваа промена, се наведува во студијата, има широки импликации за идентитетот, политичкиот и економскиот живот во земјата, претворајаќи ја сликата на претежно нација во која најмногу се раѓаат бебиња на белци во мултинационален и расен мозаик. Мнозинството млади Американци веќе не се бели и изгледаат поинаку од постарите генерации.
Некои аналитичари сметаат дека брзата демографска промена била важно прашање на изборите во 2016 година, што придонело белите гласачи да го поддржат Доналд Трамп.
Во однос на демографските промени, белците и поконкретно помалку образованите белци се уште ќе бидат мнозинството гласачи. Белците без повисок степен на образование ќе претставуваат 44 проценти од гласачката попуклација во 2020 година, додека пообразуваните белзи ќе бидат 22 проценти, тврди политичкиот аналитичар Руи Тешеира. Тој заклучува дека токму поради тој тренд републиканците може да победуваат на претседателските избори до 2036 година.