Aвиокомпанијата Американ ерлајнс во 1980-тите имала финансиска криза, по што оттаму се решиле на еден несекојдневен чекор – авионски билети за доживотно користење на првата класа за 250.000 долари.

На неколкумина најверни клиенти пак, им била понудена дополнителен доживотен билет за која било линија низ светот, за свој придружник. Цената на вториот посебен билет била 150.000 долари.

„А-ерпас“ билети од 1981 до 1984 година купиле вкупно 28 лица, со што фирмата го стекнала потребниот капитал.

Но, на долг рок, сè тоа било крајно неисплатливо.

Стив Ротстин, банкар од Чикаго, на пример, тој посебен билет го искористил 10.000 пати, слично како и еден друг клиент по име Жак Врум. Пред десетина години, кога компанијата повторно влегла во финансиски проблеми, внатрешна истрага утврдила дека, покрај неплаќањето билети, овие двајца клиенти ја чинеле фирмата дополнителни милион долари данок.

Освен тоа, натамошната истрага покажала дека овие двајца „најверни клиенти“ го изнајмувале билетот на трети лица, што ја прави загубата само поголема, а ним им носело заработка.

Поради ова, тие двајца и уште едно лице станале без своите посебни авио-карти. Тужеле и се жалеле на суд, но жалбите им биле одбиени.