Американецот Омид Садегпур, поранешен студент на МИТ, дизајнирал соларен панел што се преклопува за неговиот автомобил Tesla Model Y.
Американецот Омид Садегпур, поранешен студент на МИТ, дизајнирал соларен панел што се преклопува за неговиот автомобил Tesla Model Y, за кој верува дека може да обезбеди опсег до 20 милји дневно без потреба од полнење на батеријата.
Здружувајќи се со Џеран Брус од Forged Makerspace со седиште во Калифорнија, тие го изградиле прототипот Бета 1 користејќи дрвена рамка и телескопски цевки од карбонски влакна за распоредување на девет флексибилни панели од 175 W кога автомобилот е паркиран, објави Њуатлас.
Целиот склоп тежи помалку од 75 kg и е дизајниран да се вклопи во стандарден американски паркинг простор. Може да се преклопи во облик на покривна кутија за помалку од една минута, а како изгледа можете да видите на веб-страницата Dartsolar.
Садегпур проценува дека овој панел може да додаде околу 6 kWh енергија на батеријата секој ден, што дава приближно 20 милји (32 км) возење со соларна енергија. Сепак, важно е да се напомене дека ова во моментов е само проект и е далеку од подготвен за масовно производство.
Прототипот Beta1 седи доста високо на покривот кога е преклопен – точно 11 инчи (28 cm) – што секако влијае на целокупната аеродинамика, па прашање е дали губи онолку колку што добива.
Тимот моментално развива втор прототип со рамка за поддршка од карбонски влакна што ќе биде околу половина од таа висина кога е во режим на возење. Садегпур споделил на Reddit дека планира да понуди Beta1 нацрти на неговата веб-страница Dartsolar.