Купер Харис Ендрјус, американски волонтер и поранешен припадник на американските морнарички сили бил убиен во акција близу Бахмут, источна Украина, јавија американсите медиуми.
Според новинарот Џејк Ханрахан, Купер Харис Ендрјус (26) е поранешен маринец, и бил дел од Легијата на странци која се бори на страната на Украина, а од претходно и на Комитетот за отпор, активистичка организација. Тој загинал од артилериски оган на таканерчениот „пат на смртта“ додека заштитувал лица кои се евакуирале, јавуваат неколку извори.
Патот е единствената логистичка врска на позадината со украинската армија и е постојано цел на артилериски оган. Според мајката на Ендрјус, неговото тело сеуште не е пронајдено, со оглед на продолжителните борби околу градот, јави Си-ен-ен.
Во Бахмут се водат жестоки улични борби од близок контакт и градот има симболично значење за успехот на украинската армија, затоа Москва е очајна да го окупира, но засега без успех.
Од Стејт департментот денеска изјавија дека „можаеме да потврдиме смрт на државјанин на САД“, без да го именуваат лицето.
-Во контакт сме со семејството и ја обезбедуваме потребната конзуларна помош, изјави портпарол на Стет департментот.
-Од почит за приватноста на семејството во овие тешки времиња, немаме што повеќе да додадеме, изјавија оттаму.