Роберт Превост (69) од САД, новиот папа кој го избра името Лав 14, се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“ и им се обрати на верниците и светот.
Со постигнато двотретинско мнозинство, 133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа, кој е наследник на папата Франциск.

Пред појавувањето на балконот, во изолираните сали на Ватикан, новоизбраниот папа се подготви избирајќи го своето папско име, кое често укажува на насоката на неговото идно раководење.
Тој е облечен во новоизработена бела папска облека и го стави церемонијалниот рибарски прстен, пред да биде спроведен низ Салата на благословите до балконот познат како Лоџа на благословите.
