Вера Панке од Вирџинија на 30 август го прослави својот 108 роденден.
Тим од новинари, пријатели и членови на семејството се собраа да ја прослават неверојатната бројка со познатото прашање – која е тајната на долговечноста.
Вера, која е благодарна што е жива повеќе од еден век, вели дека она што ја одржува во живот е тоа што секогаш гледала што ќе донесе утре и никогаш не гледала наназад.
„Мојата тајна е секогаш да гледам напред бидејќи ако погледнете наназад, ќе сфатите дека некои работи не се добри и ми е ужасно. Не сум го правела тоа порано, а нема да го правам сега. Не сакам да гледам наназад на животот што помина“, рече Вера.
Нејзината голема љубов за која живее е модата. Таа поседува над 40 пара чевли и основала клуб за жени кои собираат шапки.
„Отсекогаш сум имала пријатели и добро сум организирана. Одам напред и се трудам да бидам среќна“, рекла Вера, пренесува CNN.
Наводно, една од најстарите жени во светот била Коку Истанбулова, која доживеала неверојатни 129 години и починала во 2019 година. За разлика од Вера, Коку пред нејзината смрт изјавила: „Живеев толку години, но ниту еден ден не бев среќна. Животот е казна“.