Речиси сите корисници на мобилни телефони во САД денеска ќе добијат порака во исто време, која ќе биде означена како „Претседателско предупредување“.
Американската сојузна агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) во координација со Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ), в среда на 3 октомври, ширум земјата ќе спроведе тест за проверка на системот за „итни предупредувања“ (ЕАС) и „безжични итни предупредувања“ (ВЕА).
Тестот првично беше планиран за четврток, 20 септември, но е одложен поради ураганот Флоренс.
Тоа ќе биде прв ВЕА тест на ниво на држава на ниво на претседател. Пораката ќе го тестира системот кој му овозможува на претседателот Доналд Трамп, како и на идните претседатели, да пратат вонредни пораки ширум земјата.
Тоа ќе биде четврт тест на ЕАС на ниво на држава. ВЕА тест приближно ќе праќа пораки во време од 30 минути, почнувајќи од 14: 18 часот. Во текот на овој период, ВЕА компатибилните мобилни телефони, кои се вклучени, и во домен на активна „ќелиска кула“ и чиј безжичен провајдер учествува во ВЕА, треба да бидат способни да ја примат пораката.
ВЕА се користи за да се предупреди јавноста за опасно време, за исчезнати деца и други критични ситуации.
Тестот ќе овозможи ФЕМА да ја „процени оперативната подготвеност на инфраструктурата за дистрибуција на национални пораки, за да се утврди дали требаат подобрувања“.