Повеќе од 72 милиони долари за 22 тековни проекти на УСАИД се замрзнати во Македонија со извршната на наредба на американскиот претседател, Доналд Трамп, за запирање американската помош на 90 дена, во кои Стејт Департментот треба да направи реевалуација на проектите и да реши кои ќе продолжат, а кои не. Телма побара од американската амбасада колку вкупно проекти финансирани со американски даночни пари се ставени на стенд-бај и за колку вкупно средства станува збор, но од таму сите одговори упатија да се бараат од Белата куќа.
Како што дознава Телма со долуката засеганати се сите корисници на американска помош во земјава преку проектите кои се имплементираат со помош на УСАИД, Меѓународен републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт.
Од достапните информации на веб страниците на трите организации во земјава може да се види дека УСАИД Македонија во моментов има тековни 22 проекти и тоа во областите подобрување на економската конкурентност, намалување на корупцијата, зголемување на придонесот на граѓаните кон општеството, особено младите, програна за локални работи. УСАИД финансира и шест регионални проекти во висина од околу 130 милиони евра, а во кои е вклучена Македонија. ИРИ пак има еден тековен проект во земјава кој оди под мраз.
Според информациите на Телма, сите проекти финансирани со американски пари во земјава се замрзнуваат, односно се што е исплатено како средства до 24 јануари останува, но сите трошоци и исплати направени по тој датум нема да бидат признаени. Исто така сите договори на УСАИД со директно договорените изведувачи на проектите остануваат, но договорите на подизведувачите се под знак прашалник, односно можат да бидат прекинати.
Ревидирањето на проектите финансирани од САД засегаат илјадници проекти во целиот свет, кои вкупно чинат милијарди американски долари. Во 2023 висината на помошта на САД за овие проекти изнесуваше околу 60 милијарди долари.