Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити

/ 10.03.2024

Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба.

Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори.

На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри.

Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити.

Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.


Од истата категорија