Американската полиција нападнала руски новинари кои известувале од протестите во Портланд, во сојузната држава Орегон, јави дописникот на МИА од Вашингтон, повикувајќи се на руските медиуми.
Новинарите снимале репортажа за безредијата во кои протестантите го обиколиле локалниот суд. Околу зградата имало федерални сили за безбедност дојдени во градот наспроти вољата на властите во Орегон.
Настрадани се камерман на рускиот Прв канал, кој наводно го снимал обидот на протестантите да го запалат влезот во зградата на судот. Тој бил удрен по рака, му била одземена камерата што потоа полицаецот наводно ја искршил од асфалтот.
Новинарката го снимала инцидентот со мобилен телефон, полицаец наводно дошол отпозади и го одзел телефонот, ја фатил за глава и и го симнал шлемот. Таа побарала помош од медицински волонтери откако се вдишала солзавец.
Ова не е првапат руски новинари да настрадаат за време на протестите во САД, јави агенцијата.
На 31 мај во Минеаполис, новинар на РИА Новости се пожали дека бил нападнат со пепер спреј откако покажал новинарска легитимација.
Слично поминале и американски новинари од ТВ каналот VICE кои биле во близина.