Американската стратешка Команда која е задолжена за нуклеарниот арсенал на државата, се извини поради твит во кој напишаа дека во случај на потреба подготвени се да фрлат нешто „многу, многу поголемо“ од кристалната топка со која во Њујорк се одбележува доаѓањето на Новата година. Пораката беше пропратена со фото и видео од авион што фрла бомба.
„ТајмсСквер традиционално влегува во #Новата година со спуштање на голема кугла…ако биде потребно #подготвени сме да фрлиме нешто многу, многу поголемо“, се вели во твитот објавен неколку часа пред доаѓањето на 2019 во Њујорк.
Во видеото вметнато вопораката се гледа бомбардер Б-2 како фрла бомби, а потоа се слушаат и експлозии од тлото.
Пораката предизвика осуда на социјални мрежи – Зошто US Stratcom се шегува на сметка на нуклеарна војна? Срамота, пишува една корисничка на Твитер.
Подоцна, пораката беше избришана од профилот на Твитер со нова порака: – Нашиот претходен новогодишен твит премина граници на добар вкус и не изразува наши вредности. Се извинуваме. Верни сме на безбедноста на САД и сојузниците“.