Соединетите Американски Држави ќе започнат разговори со своите европски партнери подоцна оваа година за намалување на бројот на американски војници во Европа, изјави американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер.
-Ќе стане јасно по самитот на НАТО во Хаг или подоцна оваа година… ќе започнеме со овие преговори, изјави Витакер на прес-конференција во Естонија.
„Ништо не е одлучено, но откако ќе одлучиме, ќе ги имаме овие дискусии во рамките на структурите на НАТО“, додаде тој.