Неименуван американски функционер изјави дека САД и доставиле на Украина разузнавачки информации за локацијата на рускиот крстосувач „Москва“ пред нападот од кој потона, што е спротивно на тврдењата на Пентагон.
Официјалниот претставник рече дека Украина сама одлучила да го гаѓа и потопи најмоќниот брод на руската Црноморска флота користејќи свои проектили, но додаде дека САД му дале на Киев „разузнавачки информации“, вклучително и локациите на руските бродови кои го напаѓаат украинскиот брег од морето.
Претходно денеска, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД „не и доставиле на Украина конкретни информации за гаѓањето на крстосувачот ‘Москва’, иако призна дека Вашингтон редовно споделува разузнавачки информации со Украина.