Американскиот претседател Доналд Трамп е загрижен поради се поголемото воено присуство на Русија на Арктикот и растечкиот интерес на Кина за таа област, изјави висок американски функционер.
Како што јавија некои светски медиуми, тој во телефонскиот брифинг по повод посетата на финскиот претседател Саули Нинисте на Вашингтон, рекол дека САД и Финска се загрижени за крајниот север и „сакаат да го одржат како регион со ниски тензии“.
– Претседателот е загрижен поради трупањето на руска војска на Арктикот и се поголемите амбиции и присуството на Кина, рекол функционерот.
Одговарајќи на барањето на ТАСС дополнително да ја објасни причината за загриженоста на американскиот претседател, тој изјавил дека е прилично јасно дека Арктикот треба да биде „област за трговија, а не за руска милитаризација“.