Републиканец избран да ја претставува Луизијана во Претставничкиот дом на САД е првиот американски конгресмен што ја загуби битката со Ковид-19.
Лук Летлоу (41) требаше да даде заклетва како член на Долниот дом на Конгресот на САД в недела.
Летлоу на 18 декември објави дека е заразен со новиот коронавирус и дека е во домашен карантин. Беше хоспитализиран три дена подоцна.